Демократскиот сојуз (ДС) денеска достави проект за промена на изборниот модел до сите политички партии.
Со проектот, стои во соопштението од ДС, се предлага пропорционален модел, со отворени листи и без изборен праг.
– Се предлага Република Македонија да биде една изборна единица, со што во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, а составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, се подвлекува во соопштението од ДС.