Демократскиот сојуз повикува на разум

Од:

Демократскиот сојуз повикува на разумно однесување од сите граѓани без разлика на политичката и етничката припадност во врска со актуелните тензии во Бутел.

ДС бара лидерите на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, да излезат на местото каде се поставени шатори и има насобрани лица кои насилно ги срушија темелите каде треба да се постави крст, да повикаат на разум и со тоа да се спречат можни судири со тешки последици по стабилноста, мирот и безбедноста на државата.

Поставувањето на национални и верски симболи, со цел да се печалат предизборни поени е крајно неодговорно и против интересите на граѓаните и државата.

Наместо протести и судири помеѓу партиските “војници”, инсистираме, за поставување на двоглавиот орел и крстот да одлучат државните институции.

Го повикуваме МВР да спречи директен контакт помеѓу спротивставените страни и насилно однесување.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски