Демократскиот сојуз повикува на лидерска средба за актуелната политичка состојба

Од:

Демократскиот сојуз ги повикува лидерите на сите политички партии да одржат итна средба на која ќе се разговара за актуелната политичка состојба во државата и ќе договорат излезни решенија од истата.

Според ДС сите треба да преземат дел од одговорноста за актуелните политички состојби и да партиципираат во разрешување на истите.

Приоритет на сите партии треба да бидат националните и стратешките интереси на државата и граѓаните, е ставот на Демократскиот сојуз, од каде што оценуваат дека учеството на локалните избори, како и одржувањето на истите во демократска атмосфера е еден од клучните услови за нашите евро-атлански перспективи.

– Формирањето на Парламентарна комисија за случувањата на 24.12.2012 година, враќањето на опозицијата во Парламентот, учеството на локалните избори и консензус околу надминување на предизвиците сврзани за односите со соседните држави, се прашања за кои може и мора да се постигне консензус, стои во соопштението од ДС.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократскиот сојуз: Да гласаме за стабилна, силна и унитарна Македонија

Демократски сојуз го потсети ДУИ: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот

А1он

ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права

А1он

Демократски сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените