Демократскиот сојуз (ДС) на сите граѓани, им ја честита Новата 2015 година и им посакува среќни Новогодишни и Божиќни празници, со искрени желби за добро здравје, мир и благосостојба.
– Граѓаните на Република Македонија покажаа дека се храбри и одлучни да ги промовираат и негуваат вредностите кои не обединуваат како нација, а посебно грижата едни за други, солидарноста, вербата и одговорноста, стои во честитката од ДС.
Подготвени сме, се подвлекува во честитката, да се соочиме со предизвиците и да носиме одлуки во интерес на сите граѓани, без разлика на верата, нацијата и социјалната положба.