Демократскиот сојуз ги претстави програмските приоритети за претстојните избори

Од:

Демократскиот сојуз ќе се залага за фер кампања и ќе се обиде пред граѓаните да ја презентира својата изборна програма и политички цели. Од партијата велат дека се против т.н. црни кампањи и користењето на лажни вести во изборниот процес.

Дел од главните приоритети на партијата за претстојните избори ќе бидат реформата во судскиот систем, реизбор на судиите и јавните обвинители, кривична одговорност за злоупотреба на судската и јавно обвинителската функција, а од партијата најавуваат и робусна борба против криминалот и корупцијата, конфискација на имотот стекнат на криминален начин, како и забрана за политичко дејствување од најмалку 10 години за секој кој ја злоупотребил довербата на граѓаните.

– Предвидуваме уставни промени со кои ќе се јакне самостојноста на законодавната, извршната и судската власт, ефикасен систем за одговорност на носителите на јавни функции и важење на законите подеднакво за сите граѓани, истакна лидерот на партијата Павле Трајанов на денешната прес-конференција.

Додаде дека ќе инстистираат нивните програмски цели да бидат вградени во изборната програма со онаа партија со која ќе коалицираат, а како партија предлагаат премиерот и министрите да бидат презентирани пред граѓаните пред да бидат избрани.

Од ДС се за една изборна единица и без изборен праг бидејќи тоа според нив е единствениот модел со кој ќе им се овозможи на помалите партии да ги претставуваат своите гласачи во законодавниот дом.

За младите најавуваат посебна стратегија и вработување од година дена веднаш по завршување на високото образование со плата од 500 евра. Ветуваат бескаматни кредити за стан или куќа за младите брачни парови, целосна гасификација, поволни услови за отворање на повеќе од 30 илјади мали компании во кои ќе се вработуваат стручни кадри, а во делот на екологијата предвидуваат субвенции за купување на над 60 илјади електрични автомобили и забрана за увоз на стари возила.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски