Демократскиот сојуз ги осуди протестите со насилство, повикува на разумно однесување

Од:

Демократскиот сојуз најостро ги осудува протестите со насилство, како и секојдневните напади на млади и невини граѓани.

На денешната прес – конференција лидерот Павле Трајанов, истакна дека ДС инсистира на одговорно и разумно однесување, како и превентивно дејствување на сите политички партии, невладини организации, верски заедници, медиумите и граѓаните во целина.

Протестите со насилство, смета Трајанов, не можат да бидат средство за остварување на политички, етнички или верски интереси, тоа е неприфатливо и затоа, подвлече, бараме енергични, ефективни и координирани активности и мерки од сите државни институции, вклучително и од судскиот систем.

– Организаторите на овие насилни протести се обидуваат да печалат политички поени, разгорувајќи меѓуетнички судири, со несогледливи последици по стабилноста, мирот и нормалното одвивање на животот, рече лидерот на ДС.

Демократскиот сојуз бара државните институции да ги објават организаторите на насилните протести и спрема нив да преземат законски мерки. Партијата ги повикува граѓаните да не учествуваат во протестите.

Би можело да ве интересира

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа