Демократскиот сојуз бара ограничување на правата на Иванов

Од:

Демократскиот сојуз смета дека Ѓорге Иванов нема кредибилитет и меѓународен углед и натаму да биде Претседател на Република Македонија. Расправата во Парламентот за одговорноста на Ѓорге Иванов, поради одлуката за аболиција на 56 лица, покажа дека мнозинството во Парламентот не ги респектираат правните аргументи и по секоја цена го подржуваат Ѓорге Иванов, велат од ДС.

„Праксата покажа дека досега тројца претседатели (Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов) ја злоупотребија Уставната можност за аболиција, без било какви последици и одговорност.

Ваквата состојба ја наметнува потребата од редукција на правото на Претседателот да има можност да помилува и запира постапка за лица за кои има основани сомненија за криминал, како и неговата одговорност доколку ја злоупотреби функцијата.

Во оваа насока неопходни се уставни промени, вклучително и начинот на избор на Претседателот, наместо на општи избори да го бира Парламентот.

Инаку по завршување на мандатот поранешниот Претседател ужива привилегии кои не се резултат на неговата позиција и одговорност во државата. Така тој има кабинет, персонал, обезбедување, возач и буџет од 120,000 евра, а ништо значајно не работи. Вакви привилегии нема ниту поранешниот Претседател на САД, каде е претседателски систем.

Затоа предлагаме поранешниот Претседател освен платата да има свој кабинет (канцеларија) во Парламентот и при протоколарни активности возач, а обезбедување доколку му е загрозена личната безбедност.

Доколку од расправата во Парламентот би се извлекле овие две клучни поенти би било сосема доволно во насока на системски промени за јакнење на одговорноста и важење на законите за сите граѓани“, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска