„Најенергично ги отфрламе обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со објавени податоци за возила преку ЕКСЕЛ табели, бидејќи во системот никој не може да внесува регистарски броеви на возила кои ќе бидат повластени“, реагира ДС.
„Во Одделението за грижа на корисници дневно се проверуваат неколку стотина возила, дали платиле паркинг преку системот за зонско паркирање, дали имаат картица за паркирање, дали се возила на оперативните служби и сл. Овие податоци можат да ги влечат од системот, Одделението за грижа на корисници, да подготвува табели и истите да ги злоупотребува за партиски цели и дискредитација.
Инаку во ЈП Градски Паркинзи има над 270 вработени, најмногу членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Валентина Јовановска, (Раководител на одделението за грижа на корисници), сестра на бизнис партнер на ВМРО-ДПМНЕ, која има пристап до сите податоци и може да ги злоупотребува истите.
Никој од раководството на ЈП Градски Паркинг, нема учество во било какви недозволени и противзаконски активности, правење на списоци и сл. Тие што секојдневно плукаат против раководството на ЈП Градски Паркинг, ќе се “удават” во калта“, соопштува Демократскиот сојуз.