Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

Во оваа насока сметаме дека е клучно, заедно со опозицијата (ВМРО -ДПМНЕ и другите партии) да се имплементираат обврските кои произлегуваат од договорот со Грција, се со цел да се обезбеди стабилност, сигурност и економски развој на државата.

Огромната меѓународна поддршка што ја има Македонија нема да биде бесконечна и затоа само мудри и разумни одлуки можат да не извлечат од длабоката политичка и безбедносна криза во која полека навлегуваме.

Бојкотот на референдумот и блокадата во Парламентот за Уставните промени ќе бидат со непоправливи штети за иднината на Македонија, затоа повикуваме на градење национално единство и преземање на заеднички чекори за иднината на земјата“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски