Демократски сојуз: Владата да не ги дискриминира медиумите

Од:

„Демократскиот Сојуз ја повикува Владата на Р.С.Македонија да ја преиспита својата одлука и да им овозможи на сите онлајн медиуми што ќе се пријават директно да се вклучуваат односно да известуваат и да ги пренесуваат прес конференциите на Владата на Р.С.Македонија во врска со состојбите настанати поради епидемијата со коронавирусот.

Било каква дискриминација на медиуми и новинари во време кога информирањето на граѓаните е од исклучителна важност заради потребата од навремени и точни информации за состојбите со епидемијата и мерките што ги презема Владата е недозволиво и не е во согласност со демократските стандарди на функционирање на македонското општество дури ни во вакви вонредни околности“, велат од Демократски сојуз.

„Регистерот на професионални онлајн медиуми на ЗНМ и Советот на Етика на медиумите во Македонија не смее да биде изговор за укинување на акредитацијата на онлајн медиуми.

Регистерот е етичка алатка и тој служи како саморегулативен механизам на онлајн медиумите во Македонија.

Укинувањето на акредитацијата за известување од пресконференциите на Владата и можноста за нивно директно пренесување онлајн само за медиуми што не се дел од регистерот може да се сфати како цензура која е забранета со Устав и недозволена во едно демократско општество.

ДС истовремено ги повикува сите медиуми да известуваат професионално и одговорно, да не шират лажнии вести и информации, да не создаваат паника во овие вонредни услови на зараза со коронавирусот.

Власта да води сметка за одговорноста и отчетноста и да ги пружа сите потребни информации на граѓаните, а политичките партии да се воздржат од политичка пропаганда и да помогнат во напорите за справување со кризата“, соопштуваат од Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски