ДС: Во понеделник да се избере претседател на Парламентот

Од:

„Партиите од парламентарното мнозинство можат да се обидат во следните два дена да понудат и постигнат компромис со раководството на ВМРО-ДПМНЕ се со цел во понеделник да се избере претседател на Парламентот и со тоа се создадат услови за избор на реформска Влада и мирен, демократски и државнички трансфер на власта.

Од понеделник натаму парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ, БЕСА и АЛИЈАНСАТА, мора да покажат цврстина и одлучност и при изборот на претседател и при формирањето на Владата.

Континуираната попустливост, ќе биде злоупотребена од ВМРО -ДПМНЕ и преку медиумската манипулативна кампања ќе се настојува да се продлабочи кризата и спречи трансфер на власта.

Геостратешките и регионалните процеси наметнуваат потреба од итно формирање на нова Влада и стабилизирање на состојбите, како прв чекор за нормализирање на животот и воспоставување на вредносен систем кој почива на владеење на правото во Република Македонија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски