Демократски сојуз: Стејт Департментот алармира за корупција на владата, а СДСМ го саботира предлог-законот за борба против висока корупција

Од:

Стејт Департментот на САД во својот најнов извештај за човековите права во Македонија меѓу другото предупредува на корупцијата во која е вклучена Владата, судиите, затворските службеници и други функционери кои ја злоупотребуваат службената положба велат од Демократскиот сојуз.

– Анализата покажува дека во Македонија и натаму се зголемува корупцијата, дека отсуствува ефикасна и неселективна борба против организираниот криминал, пред се поради високата партизација и политизација на државните институции задолжени за откривање, гонење и пресудување. Демократскиот сојуз до Собранието достави Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој се предвидува формирање независна Агенција за борба против корупцијата. Меѓутоа, според информациите, пратеничката група на СДСМ добила насоки од раководството на партијата прво да се развлекува ставањето на овој закон на дневен ред, а доколку се стави, да го отстранат од дневен ред со што ќе спречат во парламентот да се отвори расправа. Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да го поддржат овој законски проект со што ќе се отвори „војна против криминалот“ и ќе започне искоренување на високата корупција која ги кочи евроинтеграцииите и ги разорува државните институции, се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Евроинтеграциските процеси ги блокираат власта и Бугарија

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Павлова-Николовска

Демократски сојуз: Мораториум на проектот со Бехтел и Енка, додека не се објави договорот и не се изврши ревизија

Ана Ололовска