Демократскиот сојуз искажува длабоко жалење и сочувствува со семејствата на настраданите во вчерашните поплави.
На повредените им посакува брзо закрепнување.
Во невремето кое ја зафати Македонија, посебно Скопје, животот го загубија најмалку 21 лице, голем број се повредени, а е причинета и огромна материјална штета.
Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните кои имаат можности да помогнат на семејствата кои претрпеа огромни последици.