Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Од:

Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да не гласаат за законите предложени од Владата во врска со изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д, за да спречиме криминал со огромни димензии.

„Владата бара по секоја цена да бидат изгласани петте закони во парламентот и тоа со европско знаменце, со што ќе се амнестираат од кривична одговорност министрите и потписниците на договорот со БЕХТЕЛ и ЕНКА. Потсетуваме дека за злоупотребата на европското знаменце реагираше и Делегацијата на ЕУ во Скопје, што секако негативно ќе се одрази на нашите евроинтеграции.

Демократскиот сојуз алармира дека флагрантно кршење на начелото на владеењето на правото е прво да потпишете договор, а потоа врз основа на тој договор да ги менувате законите. Доколку пратениците гласаат, тогаш одговорноста паѓа врз нив, затоа што досега не го виделе договорот, а предупредени се дека договорот има коруптивни елементи, дека со решенијата во договорот можно е градбата на коридорите 8 и 10 д да поскапи и наместо 1,3 милијарди евра, да чини над 2 милијарди, пари кои треба да ги плаќаат граѓаните.

Договорот мора да биде усогласен со законите кои се на сила и за евентуалните пенали или поскапување на градбата, наводно поради можно пролонгирање на роковите, одговорност ќе сносат тие што го прифатиле и потпишале. Демократскиот сојуз инсистира, Договорот во интегрална форма до биде доставен до сите пратеници“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори