Демократскиот сојуз укажува дека Уставно право и едно од цивилизациските придобивки е правото на протест за искажување на став и незадоволство од власта.
Масовните протести низ Македонија и светот, потврдуваат дека се соочуваме со сериозни проблеми, посебно од аспект на владеење на правото и потребата од промени и правда.
Аболицијата и одржување на избори без за тоа да има елементарни услови, само ја прелија чашата од незадоволство.
Обидите преку заплашување со најава за притвор на учесници во протестите, дополнително ќе ги заострат состојбите и тие можат дa ескалираат со посериозни нарушувања на јавниот ред.
ДС повикува судовите да не прифаќаат никакви политички притисоци и да одлучуваат согласно законите.
ДС бара ослободување на Здравко Савевски.
ДС ги повикува граѓаните на мирни протести, коректен однос со полицијата и заштита на државниот и приватниот имот, како и без нарушување на јавниот ред и мир.