Демократски сојуз со остра порака до Владата

Од:

Блокадата на реализацијата на еврообврзницата во износ од 650 милиони евра, која Владата ја издаде, е сигнaл од потенцијалните кредитори дека независно од добивката тие сепак се одлучија да го послушаат гласот на народот и реакциите на медиумите, граѓанскиот сектор и партиите.

Ваквата одлука е опомена до Владата и ВМРO-ДПМНЕ и ДУИ дека странските банки немаат намера да кредитираат систем каде се кршат правата на граѓаните (масовно прислушување) и изборните правила и високи функционери се вклучени во тешки облици на криминал.

Демократскиот сојуз оценува дека санкциите преку финансиска и економска изолација на Република Македонија ќе продолжат и ќе се зајакнат, поради што предлагаме да се формира експертска Влада, со мандат да ги стабилизира состојбите, спроведе реформи и создаде услови за избори.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски