Демократски сојуз: Со францускиот предлог бугарските барања стануваат европски

Од:

Демократскиот сојуз изразува сериозни резерви за францускиот предлог за деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ затоа што тој, како што велат од ДС, во суштина ги апсорбира националистичките и негаторските барања на Бугарија и билатералниот спор, преку преговарачката рамка, го претвора во спор помеѓу Македонија и Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Според документите кои досега ги објавија медиумите, Предлог-преговарачката рамка за почеток на евроинтеграцискиот процес и предлог-заклучоците на Советот на Европската Унија, јасно е дека барањата на Бугарија стануваат дел од преговарачката рамка на ЕУ и од нивното исполнување ќе зависи нашиот напредок кон Европа. Тоа значи дека нашите евро-интеграции стануваат заложник на антимакедонските интереси во Софија, овојпат со европски печат“, соопшти ДС.

„Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија.

Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Да се откријат пироманите кои запалија автомобил

Горан Наумовски

Павле Трајанов не гласаше „за“ Францускиот предлог

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Полицискиот разговор со новинарката Делевска му припаѓа на времето на режимот

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Македонија од НАТО да побара поддршка за ЕУ

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Тие што живеат во странство не можат да бидат дел од вкупното население

Ана Ололовска

Централен совет на ДС: Поддршка на проектот за една изборна единица

Ана Ололовска