Демoкратски сојуз: Решенијата на Владата се спротивни на Уставот

Од:

„Повеќе од јасно е дека на 5 јуни нема да има избори, поради што Демократскиот сојуз ги повикува министрите и замениците министри, да ги повлечат оставките и да продолжат да работат со полн капацитет.

Воедно Демократскиот сојуз предупредува на можните безбедносни проблеми доколку во МВР се наруши принципот на хиерархија и натаму се практикува паралелно дејствување од дополнителниот заменик министер. Поради ова, ДС бара, Владата да ги повлече поединечните кадровски решенија бидејќи тие ќе предизвикаат целосен хаос и парализа на највиталната институција. Овие решенија се спротивни на Уставот и законите поради што треба Уставниот суд со времена мерка да ги суспендира и сите решенија на Владата да ги поништи.

Република Македонија е во криза и затоа повикуваме на политички дијалог и договор, реактивирање на Парламентот и деблокирање на другите институции, за да се спроведат реформи, кадровски промени и создадат услови за избори“, соопштуваат од ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски