Демократски сојуз: Приемот во НАТО е заслуга на сите влади и граѓани

Од:

По близу триесет години самостојност, потпишувањето на Протоколот за прием во НАТО, за Република Македонија и за граѓаните е настан од непроценлива вредност за стабилноста, безбедноста и демократските перспективи на Македонија, порача Демократскиот сојуз.

„Приемот на Македонија во НАТО, како што додава партијата, е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани.

Преспанскиот Договор со сите контроверзии, практично ги отвори вратите за членство во НАТО и Европската Унија. Започната е финалната фаза и до крајот на оваа година се очекува Протоколот за прием во НАТО на Република Македонија, да го ратификуваат дваесет и девет (29) земји членки на НАТО.

Демократскиот сојуз го поздравува овој чин и повикува на единство и сплотеност за Македонија да чекори напред“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ