Демократски сојуз: Препораката на ЕК е голема обврска за Владата да ги имплементира реформските определби

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека, одлуката на Европската Комисија, Република Македонија да добие безусловна препорака за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија е признание за сите граѓани кои цврсто се определија за промени, реформи и стабилност, како и за посветеноста и демократскиот курс на Владата и Парламентот на Република Македонија.

Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за влез во Европската Унија.

Препораката е и голема обврска за Владата на Република Македонија да ги имплементира реформските определби, посебно во областа на правосудниот систем, службите за безбедност, јавната администрација и медиумите.

Борбата против корупцијата мора да биде силна и ефективна, а стабилноста и правната сигурност, врвни приоритети.

Доцнењето на реформите и блокадата на евроинтеграциските процеси во изминатите осум години мора да се надоместат со тоа што Македонија ќе биде ставена на “брза лента” и реформите да се одвиваат со забрзана динамика и поддршка од сите релевантни партии.

Се отвораат историски перспективите за граѓаните и Република Македонија,затоа носиме огромна одговорност, овој период да се сплотиме, обединиме и работиме сите заедно.

Само со реформи, работа и резултати се гаранција дека во јуни месец ќе добиеме датум за започнување на преговорите за влез во ЕУ“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Левица: Наместо да одговара за аферата „бесплатен паркинг” Павле Трајанов доби функција

Горан Наумовски

Павле Трајанов е реизбран за претседател на Демократскиот Сојуз

Горан Наумовски

Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

Трајанов: Постапката за хашките предмети да продолжи

A1on

Трајанов: Техничката влада да биде одраз на составот на Парламентот

Горан Наумовски