А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Демократски сојуз: Повлекувањето на персоналот од српската амбасада е сценарио за дестабилизација на Балканот

by А1он22/08/2017 - 12:44149
Share0

„Демократскиот сојуз смета дека повлекувањето на персоналот од амбасадата на Република Србија е сценарио за дестабилизација на Балканот од пошироки размери, каде се испреплетуваат геостратешки интереси на повеќе центри на моќ.

Добивај вести на вибер

Со овој непромислен, избрзан и не автентичен (Српски) акт, главната цел е да се блокираат евроатланските процеси на Македонија и да се спречи или забави приемот на Македонија во НАТО и почетокот на преговорите за влез во Европската Унија.

Повеќе од сигурно е дека Србија со поддршка од странство е „вовлечена” во оваа непромислена авантура, која има поткрепа и од политички структури во Македонија.

Македонија треба да се воздржи од реципрочни мерки и да се залага за продлабочување на соработката со Република Србија и при тоа, да не отстапува од нашите национални, државни и стратешки интереси за членство во НАТО и ЕУ.

Македонија во меѓународните и соседските односи треба да тргнува од сопствените интереси, без да се меша во внатрешните работи на други држави, уште помалку да се јавува во улога на арбитер или “маша” на било кој центар на моќ.

Република Македонија, од секогаш развивала исклучително добри односи со Србија, тоа е и определба на народите од двете држави и досега не преземала никакви активности кои ќе ги загрозат националните интереси на Србија.

Наводните офанзивни разузнавачки активности можеби се резултат на добро смислена стратегија со поддршка и инволвираност на припадници на безбедносни служби во Македонија, кои не се сложуваат со политиката на новата Влада и реформите кои се одвиваат“ се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

balkandssrbija

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 19:0015/03/2026 - 19:03

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 15:5815/03/2026 - 17:16

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

Горан Наумовски13/03/2026 - 19:21

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:17

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски27/02/2026 - 20:2527/02/2026 - 20:30

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен