Демократскиот сојуз 9ДС) повикува на заедничка граѓанска платформа за разговорите во Виена.
ДС смета дека поканетите лидери на четирите партии не можат да ги застапуваат интересите на Македонија, особено што меѓу нив е и водачот на владејачката партија, кој е помилуван за тешки кривични дела.
„Не сме сигурни дека граѓаните ќе прифатат решенија кои пред се ќе ги штитат личните и партиските интереси. Поради сето ова, предлагаме да се усвои платформа со која ќе се штитат интересите на граѓаните и државата. Минимум барања би биле: свикување седница на Собранието, одложување на изборите, поништување на аболицијата, оставка на Ѓорге Иванов, поддршка на СЈО, формирање на посебен судски оддел кој ќе води постапка за кривични дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори, и друго“, се наведува во соопштението на ДС.
ДС бара во разговорите во Виена да се вклучат и претставници на граѓанскиот сектор, како и претставници од другите опозициски партии.