Демократски сојуз: Повампирување на национализмот

Од:

„Али Ахмети успеа да го разгори национализмот и екстремизмот, како подлога за конфронтации и дестабилизација на Македонија.

Платформата за целосно разрешување на албанските прашања, во многу му помогна на раководството на ВМРО ДПМНЕ, да ја измести темата за одговорност на креаторите на политичката криза и да поттикне и насочи дискусија за “македонските работи”.

Подготовката на “македонска платформа”, најавите за блокада на работата на Парламентот и заканите со протести да се урниса државата доколку опозицијата формира Влада, се одлична можност за прогласување на вонредна (читај воена) состојба и суспензија на институциите и изборната волја на граѓаните.

Наместо да градиме ПЛТФОРМА за правна држава, еднакви права за сите, борба против криминалот и подобар живот за сите, платформата на Али Ахмети не врати во 19-от век.

Време е за обединување на граѓаните и расчистување со популистите и пропагандистите за наводна загрозеност на Албанците или Македонците“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски