Демократски сојуз: Партиите да престанат да шират говор на омраза на социјалните мрежи

Од:

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Министерството за внатрешни работи да ги испита заканите против новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и одлуката на директорката на Централниот регистер да му врачи отказ на заканувачот Емил Јакимовски.

„Го повикуваме обвинителството веднаш да отвори предмет за овој случај, како и за сите други случаи на закана за физичко насилство, говор на омраза, дискриминација против новинарите.

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата, пред се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат преку своите платени ботови да ги контаминираат социјалните мрежи со ширење лаги, партиска пропаганда и говор на омраза против политичките противници и критичките новинари и медиуми.

Улогата на медиумите во предизборието е од исклучителна важност за демократски и фер изборен натпревар. Новинарите треба да информираат слободно и самостојно без закани од политички и какви било други притисоци од моќници. Говорот на омраза на социјалните мрежи мора да биде соодветно санкциониран“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски