Демократски сојуз: Отворање на досиејата на заштитените сведоци

Од:

„Во рамките на Стратегијата за реформи во правосудниот систем, Демократскиот сојуз, предлага, да се отворат досиејата на заштитените сведоци, каде врз основа на нивните сведочења се осудени повеќе лица во фабрикувани случаи.

Демократскиот сојуз инсистира на забрзана динамика при носењето закон за амнестија, закон за укинување на одлуките за лустрација и одговорност на нарачателите на лустрацијата, како и да се донесе посебен закон за проверување на “фактите” врз основа на кои неосновано се осудени голем број на граѓани.

Исто така неопходно е да се укинат и законите за формирање на Совет за утврдување на факти, како и Комисијата за воедначување на казните, апсурд кој не го познава светската пракса“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски