Демократски сојуз: Нова влада за влез во НАТО

Од:

„Демократскиот сојуз повикува на одговорно однесување од сите партии за да се обезбедат услови за промени и мирен трансфер на власта, доколку сакаме нашите национални и стратешки интереси за полноправно членство во НАТО да се реализираат.

Проценките се дека на Балканот се испреплетуваат геополитички интереси, поради што неопходна е нова политичка и дипломатска офанзива од ЕУ и САД се со цел да се превенира од можна дестабилизација на Балканот.

Во оваа насока покрај приемот на Црна Гора, на Самитот на НАТО во Брисел, кој ќе се одржи на 24 и 25 Мај, огромни се шансите и можностите Македонија да добие и формално покана за членство во НАТО, доколку во текот на следната недела, Парламентот избере нова Влада и на мирен и демократски начин се одвива трансферот на власта.

Ѓорге Иванов треба веднаш без одлагање, согласно член 90 од Уставот на Република Македонија да го даде мандатот за состав на Влада, а Парламентот најитно да избере Влада.

Демократскиот сојуз смета дека треба сите заедно да направиме се за да започне стабилизација на состојбите, воспоставување систем на владеење на правото и отворање на перспективи за економски развој и имплементација на евроатланските стандарди“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

Сојузниците на НАТО ги затвораат разузнавачките „канали“ за САД