Демократски сојуз: Неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за политичка дискредитација

Од:

На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, изнесени се дрски лаги и конструкции во врска со работењето на претпријатието „Градски паркинг“ под раководство на Борче Јакимовски, кадар на Демократскиот сојуз. Демократскиот сојуз ги демантира и со индигнација ги отфрла сите напади, дека на било кој начин, било кој од Демократскиот сојуз, кој извршува функција, е вклучен во криминал. Овие напади од ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме како обид за уцена да не бидеме и натаму дел од парламентарното мнозинство рече на прес конференција Генералниот секретар на Демократскиот Сојуз Предраг Димитровски.

-Досега никој не добил гратис карта за паркирање, ниту пак за бесплатно паркирање. Списоци нема, тие се конструкции и фалсификати на актуелниот директор, за што ќе следи кривична тужба. Претпријатието работи согласно законите и одлуките на градоначалникот и Советот на Град Скопје. Нема донации и субвенции ниту од градот ниту од Владата, парите за кои Советот на градот донесе одлука да му се дадат на претпријатието, се компензација на комуналната такса во износ од 10 отсто. Имено, ако се наплаќа паркинг билет по цена од 30 денари, 18 отсто одат за ДДВ, а 10 отсто за комунална такса или 3 денари, кои одат во Градот, а потоа Градот му ги враќа на претпријатието за да се задржат пониски цени за паркирање. Тоа е така секоја година. Борче Јакимовски е еден од најчесните и најдобрите менаџери, кој успешно го водеше претпријатието 12 години, без било каква дамка. Отворени сме за било каква контрола на работењето на директорот Борче Јакимовски, вели Димотровски.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Да се продолжи рокот на важноста на личните документи

Горан Наумовски

Демократскиот сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Владата во заминување да го реши проблемот со личните исправи

Демократски сојуз: Да се продолжи рокот за вадење лични документи

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Беким Незири и во 2010 година претепал контролор на летање, за анархијата треба одговорност

Горан Наумовски