Демократски сојуз: Не подржуваме селективна правда

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека Одлуката за аболиција на 56 лица, носители на високи државни и политички функции, како и нивните соработници е спротивна на Уставот и Законот за помилување и го суспендира основното начело законите да важат подеднакво за сите.

Оваа одлука е ништовна покрај другото и поради тоа што се повикува на член 11 од Законот за помилување кој нe постои.

Оттука денешната одлука за делумно повлекување на аболицијата (само за 22 лица) на Ѓорге Иванов е неуспешен обид да го амортизира незадоволството и револтот кај граѓаните.

Апсурдно е и натаму да опстојува одлука за аболиција со која Ѓорге Иванов ја “запали Македонија” и го урниса правниот поредок.

ДС бара целосно повлекување на Одлуката за аболиција и продолжување на постапката за импичмент на Ѓорге Иванов.

Поради против Уставното распуштање на Парламентот и Одлуката за аболиција, мора да има одговорност, како гаранција дека по некој ден нема да има нов скандал и ново газење на Уставот и законите“, се вели во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски