Демократски сојуз: Наставата со физичко присуство е приоритет

Од:

Демократскиот сојуз смета дека треба да се поддржи одлуката за физичко присуство на учениците за следење на наставата.

„Вакви препораки доаѓаат и од Светската здравствена организација и бројни други образовни асоцијации и врвни експерти. Се залагаме за доследно почитување на здравствените протоколи, поддршка на мерките и од родителите, вакцинирање на возрасните и следење на епидемиолошката состојба“, соопштува ДС.

„Инаку кога беше онлајн наставата се “протестираше” за физичко присуство, сега кога се одлучи за физичко присуство, се “протестира” за онлајн настава, ова покажува дека некој здравствената криза ја користи за манипулации и злоупотреба на децата за политички цели.

Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да се стекнеме со колективен имунитет и да се намалат можностите за инфицирање од вирусот Ковид-19 и тешките последици од истиот“, велат од ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски