Демократскиот сојуз укажува на потребата од единство без разлика на партиската, етничката или верската припадност, се со цел, во услови на војна од широки размери, да се заштитат виталните и националните интереси на Македонија и граѓаните.
„Кога наместо дипломатијата, зборува артилеријата, се нарушува мирот и стабилноста, а последиците се мултиплицираат. Ние мораме да апелираме војната да запре, но паралелно да се подготвиме дека таа ќе трае подолго и да обезбедиме институциите да дејствуваат во услови на криза и повеќе од тоа.
Вонредните мерки кои се преземаа за намалување на последицте врз стандардот на граѓаните и стопанството, мора да се обмислуваат и носат со широки консултации, да се следат ефектите од истите и да се прилагодуваат во од“, соопшти Демократски сојуз.
„Круцијално прашање е стабилноста на државата во услови кога на Балканот се раздвижени екстремистите, посебно во БиХ, Косово и Србија, а Бугарија и натаму ја блокира Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.
Затоа мораме да бидеме претпазливи и да соработуваме со нашите стратешки партнери и НАТО, а од Европската унија да бараме евроинтегративните процеси на Македонија да се одвиваат на брза лента, без одовлекување.
Единството, грижата за секое семејство, за секој човек е иманентна, нема потреба од популизам и партиска пропаганда.
Товарот на последици од војната мораме да ги понесеме сите и да се прилагодиме на можностите на државата.
Буџетот го полнат граѓаните и затоа тие имаат приоритет, но исто така, мора да функционира здравствениот систем, образованието, одбраната, да се одржува редот во државата, да течат реформите и да се сочува демократијата“, се наведува во соопштението на Демократски сојуз.