Демократски сојуз: Највозрасниот пратеник да ја води седницата

Од:

„Согласно Уставот на Република Македонија, Законот за Собранието и Деловникот за работа на Собранието, со денешната конститутивна седница на Собранието на Република Македонија треба да претседава највозрасниот пратеник.

Тоа е и Уставна и Деловничка одредница, нa досегашната пракса.

Седницата е закажана од претседателот на парламентот од претходниот состав и тој нема никакви други надлезности и овластувања, сосема логично е дека со истата треба да претседава највозрасниот пратеник од новиот состав, доколку се откаже, тогаш со седницата раководи следноот по возрсст пратеник.

Погрешна е логиката ако на 21 ден ја свика конститутивната седница највозрасниот пратеник и тој претседава да се применува и за поранешниот претседател на Собранието.

Поради сето ова нема потреба од надмудрување и глумење патриотизам, туку поранешниот претседател да си седне каде што седат сите пратеници, а со седницата да претседава тој кој што е највозрасен или следниот по него.

Доколку и натаму има кршење на Уставот, тогаш по верификација на мандатот на пратениците, мнозинството пратеници да изберат или претседавач или претседател на Собранието, но тоа треба да се случи на истата седница во текот на денешниот ден, за да се осуетат било какви сценарија за блокада на Парламентот“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски