Демократски сојуз: Мобилизација на широк демократски фронт

Од:

„Демократскиот сојуз смета дека високиот степен на криминализацијата ги разори сите институции, станаа зависни од криминалните структури во партиско – државниот врв, поради што и натаму тонеме во се подлабока криза и неизвесност.

Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое треба да се справиме на ефикасен начин. Со овој “октопод“ не можеме да се справиме, ако не го „удриме“ со чекан по главата.

Најдобра слика за криминалот во кој западна државата ни испраќа Парламентот, каде под стегите на организираниот криминал, истиот го блокираа изборот на претседател на Парламентот и избор на нова Влада на Република Македонија, без да има механизам за одговорност на опструкторите на демократските процеси.

Со не давањето на мандат за состав на Влада, Ѓорге Иванов и натаму го крши Уставот и ја злоупотребува службената положба, а со образложението, зошто не го дава мандатот, директно поттикнува на меѓунационален разор и нетрпеливост.

Во ваква состојба, Демократскиот сојуз, смета дека треба да профункционира широк народен демократски фронт, кој ќе овозможи мирен трансфер на власта и ќе се справи со новопечените богаташи, нарко босови и олигарси, кои ја срушија државата и надежта на младите генерации“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски