Демократски сојуз: Матичната евиденција основа за бришење на фантомски гласачи

Од:

Демократскиот сојуз инсистира на целосна соработка на сите државни институции со ДИК за прочистување на ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК.

Тие што ќе го опструират овој процес сакаат да продолжи кризата и да нема услови за кредибилни избори и изборен процес.

Демократскиот сојуз предлага основа за отстранување на фантомските ново креирани гласачи, потоа двојните, тројните и други гласачи, гласачите кои гласат за тие што престојуваат во странство и ново увезените гласачи од странство, да бидат матичните книги кои се водат рачно (на родени, венчани, државјанство и умрени).

Само со директните проверки во овие евиденции можат со сигурност да се потврдат сомневањата за кршење на изборните правила.

Демократскиот сојуз бара ДИК да подготви и достави до Собранието ИЗВЕШТАЈ за резултатите од прочистување на Избирачкиот список, на проблемите со кои се соочува, на отпорите и опструкциите на кои наидува.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски