Демократски сојуз: Македонија од НАТО да побара поддршка за ЕУ

Од:

„Во услови на градење единство помеѓу НАТО и Европската Унија, поврзано со инвазијата на Русија на Украина, Владата на Македонија целосно ја усогласи надворешната политика со политиките на НАТО и ЕУ“, соопштува Демократски сојуз.

dobivaj vesti na viber

„Имајќи ги предвид геостратешките престројувања, Демократскиот сојуз ја повикува Владата да побара поддршка од земјите членки на НАТО кои се истовремено членки на ЕУ, да обезбедат деблокада на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.

Влијателните членки на ЕУ, како Германија и Франција, можат да издејствуваат Бугарија да го тргне ветото за почеток на преговорите без било какви условувања и уцени, бидејќи барањата на официјална Софија се спротивни на европските критериуми и анахрони на 21 век.

Воедно изразуваме резерви кон искажаните ставови на државно-политичкиот врв дека има единствен став кај партиите од власта и опозицијата, Бугарите да бидат вградени во Уставот, како замена за започнување на преговорите со ЕУ, заборавајќи ги притоа Македонците во Бугарија.

Европска унија – ДА, уцени – НЕ, треба конечно да се однесуваме државнички и со дигнитет!“, се наведува во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Да се откријат пироманите кои запалија автомобил

Горан Наумовски

Павле Трајанов не гласаше „за“ Францускиот предлог

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со францускиот предлог бугарските барања стануваат европски

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Полицискиот разговор со новинарката Делевска му припаѓа на времето на режимот

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Тие што живеат во странство не можат да бидат дел од вкупното население

Ана Ололовска

Централен совет на ДС: Поддршка на проектот за една изборна единица

Ана Ололовска