Демократски сојуз: Македонија да биде една изборна единица

Од:

Демократскиот сојуз предлага Република Македонија да биде една изборна единица, како основа за демонтажа на еднопартискиот систем и јакнење на одговорноста при носењето круцијални одлуки и владеење на правото, вели претседателот на ДС, Павле Трајанов.

– Во рамките на приоритетните реформи кои треба да ги спроведа реформската Влада, а се очекува да се формира во текот на овој месец, предлагаме да бидат и промените во изборната регулатива, при што најбитно е да остане пропорционалниот изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица. Во ова насока очекуваме и нов систем за евидентирање на гласачите, електонско гласање, како и целосна професионализација на ДИК – рече Трајанов на денешната пресконференција.

Доколку Македонија биде една изборна единица, смета тој, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, партиите ќе морат да соработуваат и ќе се создадат услови за поодговорно владеење.

– Овој изборен модел отвора можност и за помалите и новоформираните партии, како и за помалите етнички заедници. Ги повикуваме политичките партии, граѓанските асоцијации и сите граѓани, доколку се за промени, правда и одговорно владеење, да ја подржат оваа иницијатива. Демократскиот сојуз очекува коренити реформи и во правосудството, системот за безбедност, медиумите, департизациија на институциите, како битни предуслови за организирање на фер, демократски и кредибилни избори – порача Трајанов.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски