Демократски сојуз: Локалните избори беа фер, демократски и пред се слободни избори

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека, локалните избори, беа фер, демократски и пред се слободни избори.

Граѓаните без притисоци, закани и клиентелизам, слободно се изјаснуваа за кандидатите за градоначалници и советници.

Граѓаните ги поддржаа промените, реформите и евроатланските процеси, клучни за иднината и перспективите на Република Македонија.

Изборите и победата на Коалицијата предводена од СДСМ е чиста како солза, затоа повикуваме на единство и сплотеност околу нашите стратешки, национални и државни интереси.

Наместо негирање на определбата и волјата на мнозинството граѓани, во интерес на сите граѓани е ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна, кооперативна и силна опозиција на локално и централно ниво.

Времето на поделби на патриоти и предавници заврши, треба да се сврти нова страница и да се отворат перспективи за сите граѓани, без разлика на етничката, партиската и верска припадност.

Конечно треба сите да ги засукаме ракавите и да работиме, доста ни е од вонредни и предвремени избори.

Да направиме се што е неопходно за животот да се врати во нормала и започне стабилен економски развој“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски