Демократски сојуз: Катастрофален настап на Ѓорге Иванов

Од:

Со вечерашното обраќање до јавноста, Ѓорге Иванов, дополнително ја усложнува политичката криза во Македонија, направи длабока поделба помеѓу граѓаните и партиите, се стави во фунција на заштита на врвот на ВМРО-ДПМНЕ и го нападна СЈО, единствената институција која работи професионално и транспарентно и која над 65% од граѓаните ја подржуваат.

Во изминатите месеци стабилноста на државата ниту одвнатре, ниту од надвор не била загрозена, ниту пак имало потреба за средување на внатрешните состојби да ја ангажираме армијата. Напротив и покрај одлуката за аболиција на 56 носители на високи државни и политички функции, граѓаните протестиира против Ѓорге Иванов, против урнисување на Уставниот поредок и владење на правото, но никогаш не ја загрозија Македонија.

Тие што протестираат се гарант за силна, унитарна и демократска Република Македонија.

После овој катастрофален и срамен говор, единствена опција е да се повлечете од функција, за да се создадат услови за избор на претседател на сите граѓани и татко на нацијата.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски