„Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 2-ри Август, најголемиот празник на Македонците и сите граѓани на Република Македонија, Денот кога се удрени темелите на суверена, независна и слободна Македонија.
Илинденското востание и АСНОМ се најсветлите датуми на македонскиот непокор за слободна Македонија и датуми кои не потсетуваат на илјадниците жртви, жртви кои сите нас не обврзуваат да ја чуваме и градиме Македонија“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.