„Вечерва, Претседателството на Демократскиот сојуз, ќе одржи проширена седница на која ќе расправа за учество на претстојните локални избори.
Демократскиот сојуз стои цврсто на определбите дека се неопходни реформи и промени, како битни предуслови за деблокада на евроатланските процеси.
На 15 октомври, ќе се гласа и за локалната власт, но и за тоа во кој правец ќе се движи Македонија.
Демократскиот сојуз смета дека, национален, државен и стратешки интерес е Македонија
што побрзо да добие покана за полноправно членство во НАТО и да започнат разговорите за влез во ЕУ.
Сигурни сме дека граѓанската определба за НАТО и ЕУ ќе биде валидизирана и на локалните избори и ќе бидат избрани градоначалници кои се за промени и кои ќе работат за интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.