Демократски сојуз: Граѓаните да гласаат за eвропска Македонија

Од:

„Претседателството на Демократскиот сојуз, на седницата на која присуствува и претседатели на општинските организации на ДС, донесе одлука за вклучување на Демократскиот сојуз во информативна кампања во врска со претстојниот референдум, закажан за 30 Септември, 2018 година.

Демократскиот сојуз во рамките на Коалицијата „ЗА“ Европска Македонија, преку непосредни контакти, средби со граѓани, трибини, митинзи, учество во дебати емисии и други активности, граѓаните ќе ги информира за договорот постигнат со Грција и перспективите кои се отвораат со членството во НАТО и Европската Унија.

Само со објективно информирање и мирна кампања, граѓаните ќе можат да ги препознаат историските димензии на референдумот и позитивниот исход од истиот.

Со влезот во НАТО и ЕУ ќе се јакне унитарниот карактер на државата, внатрешната кохезија, владеење на правото и ќе се создадат услови за подинамичен економски развој.

На овој референдум не се гласа за партии, туку се гласа за иднината и перспективите на Македонија, посебно за младите генерации кои треба да создаваат и работат во Македонија.

На овој референдум граѓани одлучуваат за Европска Македонија“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Пет години од референдумот за Договорот со Грција