Трајанов: ДС не ја поддржува реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од мнозинството

Од:

Врз основа на целокупната анализа на денешните седници на Претседателството и на Централниот совет на Деморкатскиот сојуз, партијата одлучи да не ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, изјави вечерва претседател на ДС, Павле Трајанов.

Но, како што нагласи тој на прес-конференцијата во седиштето на партијата, ДС и натаму ќе ги поддржува и ќе иницира проекти кои значат имплементација на европските стандарди. Трајанов истакна дека се цврсто определени за влез на земјата во Европската Унија.

– Заклучивме дека нашите програмски цели дефинирани низ нашите партиски органи и тела кои беа усогласени со СДСМ пред изборите, не се имплементирани. Прво, имавме договор Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока беше подготвен закон за Македонија да биде една изборна единица, помина на комисиите, но е блокиран бидејќи претседателот на Собранието Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа околу овие законски промени, потенцира Трајанов.

Тој додаде дека не се имплементираат ниту програмските цели на ДС за реформи во правосудниот систем, како и за борбата против корупцијата.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски