Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ

Од:

Деновиве од страна на политички партии, експерти и медиуми, се отвораат дилеми околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Но овие дилеми се вештачки, бидејќи сите граѓани знаат дека договорот со Грција е склучен за да се деблокирааат евроатлантските процеси односно Македонија да добие покана за членство во НАТО и да започнат пристапните преговори со ЕУ, велат од Демократски сојуз.

Од таму додаваат дека референдумското прашање мора да биде поврзано со имплементација на договорот со Грција како клучен предуслов за влез во НАТО и ЕУ.

„Кампањата треба да биде преку објективно информирање на граѓаните за перспективите што се отвораат за Македонија доколку се излезе на гласање и се гласа “ЗА”. Воедно треба јасно да се соопшти дека бојкотот на референдумот значи нестабилност, стагнација, изолација и засилување на иселувањето од Македонија. Демократскиот сојуз повикува на единство на сите политички партии околу нашите стратешки и национални интереси“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски