„Демократскиот сојуз ја повикува Државната изборна комисија, да достави извештај до Собранието, во врска со прочистувањето на избирачкиот список.
Врз основа на ИЗВЕШТАЈОТ Парламентот да отвори расправа и да процени дали еден од битните предуслови, прочистен избирачки список, за спроведување на фер, слободни, демократски и кредибилни избори на 5 јуни е исполнет.
Во услови на системска блокада на државните институции, без реформи во правосудство, без одговорност на креаторите на политичката криза, а со досега невидена манипулативна медиумска кампања, изборите нема да ја разрешат кризата.
Затоа очекуваме реални оценка од сите партии, при што интересите на државата и граѓаните треба да бидат пред личните и партиските.
Се работи за иднината на државата, затоа е неопходно разумно, одговорно и државничко однесување“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.