Демократски сојуз: Да учиме од Илинден

Од:

Демократскиот сојуз на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка или верска припадност, им го честита најголемиот двоен празник на македонската државност – Втори август. Илинден е денот кога во 1903 и 1944 година Македонскиот народ ги постави темелите на својот вековен стремеж – сопствена независна држава. Таа не е добиена на подарок, туку е извојувана со многу жртви и страдања, со силна желба за слобода и со огромни самооткажувања на целиот Македонски народ.

Денес е денот кога треба да помислиме на идеалите на Илинденците и на Асномците и да докажеме и покажеме дека сме достојни на нивниот завет.

Денес е денот кога треба да размислиме каде сме и дали сме го одбрале вистинскиот пат во градењето независна македонска држава.

Денес е денот кога треба да се потсетиме дека темелите на Република Македонија ги поставуваа херои и хероини, храбри мажи и жени со чест и гордост.

Токму затоа Илинден не смее да се сведе само на ден за неработење и држење празни политички говори, туку мора да биде лекција за вистинското значење на она што нашите јуначки предци ни го оставиле во аманет. А тоа е дека Македонија е сѐ што имаме и дека битката за правда и слобода никогаш не престанува.

За многу години Илинден!

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски