Демократски сојуз: Да се повлечат измените на Изборниот законик

Од:

„Демократскиот сојуз на седницата на собраниската Комисија за политички систем ќе предложи суштински амандмани на предлог измените на Изборниот законик, но сепак, сметаме дека поради монополот што го имаат предлагачите на законот, во парламентот нема услови за корегирање на текстот, поради што бараме да се повлечат измените на Изборниот законик“, соопштува Демократскиот сојуз.

„Инаку, Демократскиот сојуз предлага процентот на потребни потписи од вкупниот број на запишани гласачи како услов за кандидирање независни листи на советници и градоначалници да биде 0,3 отсто, потоа целосно бришење на одредбите за отворени листи и прагот од 3 отсто за пласман во горниот дел на листата, платениот рекламен простор да се дели подеднакво на сите партии, а да се предвиди и време за независни листи и кандидати.

Натаму, да не се лимитира пристапот до социјалните мрежи и интернет порталите, и целосно да се исфрлат ограничувањата за платено политичко рекламирање.

Во предлог измените на Изборниот законик има решенија кои ќе предизвикаат конфузија на претстојните локални избори, многу неважечки ливчиња, како и целосно некредибилен изборен процес.

Демократскиот сојуз смета дека не се обезбедени услови за фер, демократски и слободни избори.

Со измените се фаворизираат само четирите партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијансата на Албанците), предлагачи на законот.

Поради сето тоа, Демократскиот сојуз смета дека нема услови за менување на изборните правила непосредно пред изборите (На 6 август треба да се распишат, а на 17 октомври да се одржат), се крши воспоставената пракса и ставот на ОБСЕ/ОДИХР, изборните правила да не се менуваат 6 месеци пред одржување на изборите, не е обезбедена експертска и поширока јавна расправа, пленарната седница во Собранието е закажана 7 минути пред нејзиното одржување, комисиската расправа за поднесување амандмани е закажана за 15 до 30 минути, со што се спречи пратениците да можат да го разгледаат, а уште помалку да ги проучат предложените измени на законскиот текст, не се дозволи дополнително време за поднесување амандмани итн.

Изборни правила не се менуваат на „мускули“, со кршење на деловничките правила и преку ноќ.

Ги повикуваме сите политички партии да го поддржат овој став, а предлагачите да го повлечат законот од натамошна постапка.

Предлагаме по завршувањето на локалните избори да се донесе целосно нов закон, Македонија да биде една изборна единица, и сите сугестии на партиите, невладиниот сектор, експертите, ОБСЕ/ОДИХР, да се вградат во новиот текст“, се наведува во соопштението на ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски