Демократскиот сојуз најостро го осудува палењето на автомобилот на пратеникот Петар Ристевски и бара брза реакција на МВР и целосна истрага од Јавниот обвинител.
„Во услови на сложени политички состојби, ваквите настани можат дополнително да ги усложнат и да имаат одраз и врз безбедноста и стабилноста, посебно доколку случајот се исполитизира.
Само со брза реакција на службите за безбедност и МВР и целосно расчистување на мотивите на овој вандалски чин, може да се дејствува превентивно“, велат од партијата на Павле Трајанов.