Демократскиот сојуз, на припадниците на АРМ им го честита 18- ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија.
Армијата е гарант за територијалниот интегритет на Македонија и силен фактор за внатрешното единство и стабилноста.
Во изминатите години, припадници на армијата кои беа вклучени во мировните мисии, на висок професионален начин ги извршуваа сложените задачи и беа најдобри репрезенти на Македонија.
Припадници на АРМ несебично се вклучија и во отстранување на последиците од поплавите во Скопско.
Армијата на Република Македонија заслужува и честитки и подобар третман.