Демократски сојуз бара во подготовката на амандманите да се вклучат сите експерти и претставници на партиите

Од:

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија, велат од Демократскиот сојуз.

„Пратениците и сите граѓани се соочуваме со сериозни предизвици и сурова реалност, но после драматичниот вчерашен ден, денес веруваме дека сите сме попаметни и помудри, затоа што Македонија ќе чекори напред, како држава на Македонскиот народ и сите грѓани, модерна, европска и држава во која ќе се создадат услови за младите да создаваат и творат во Македонија. Во подготовката на амандманите треба да се вклучат сите експерти и преставници на партиите, се со цел, да се обезбеди и зацврсти македонскиот национален идентитет, јазикот и другите посебности“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Тие додаваат оти е време и опозицијата да ги преиспита своите ставови и постапки и да се вклучи во процесите кои отвораат перспективи за Македонија и значат мир, стабилност и безбедност, како клучни предуслови за економски развој и достоинствен живот.

Би можело да ве интересира

Демократски сојуз: Потезите на ДУИ се закана за стабилноста на државата

Горан Наумовски

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот