Демократски сојуз: Артан Груби за предизборна корупција формира ново Министерство за проектот „Бехтел и Енка“

Од:

„Со огласот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за вработување на 30-тина лица во новоформираната Проектна единица за спроведување на договорот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д, очигледно е дека Артан Груби формира ново министерство, кое за предизборни цели ќе располага со огромни средства за корупција“, велат од Демократски сојуз.

„Станува јасно дека огласот за ангажирање на помошник координатор на проектот директно го заобиколува директорот на ЈПДП, а со тоа и Министерството за транспорт и врски кои се надлежни за изградба на автопатите. Наместо нив, Артан Груби, кој е министер за политички систем и координатор за спроведување на договорот, кој го креираше како координатор на Комитетот за подготовка на договорот, директно ќе одлучува за ангажирање на лојални партиски кадри во Проектната единица, за легализација на дивоградби на теренот, за сеча на шуми и сл. и всушнот за исплата и распределба на финансиски средства од неколку стотини милиони евра.

Најновиот развој на настаните само ги зголемува сомнежите за коруптивноста на овој проект, кој власта ќе го злоупотреби со легализација на криминалот преку донесување на девет закони во скратена постапка“, се додава во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски