Демократски сојуз: 2023, година на силни предизвици и промени

Од:

Демократскиот сојуз очекува 2023 година, да биде година на силни предизвици и промени.

„Нашите анализи и проценки се дека во мај месец ќе се одржат предвремени парламентарни и ќе се формира широка коалициона влада, а премиер ќе биде од партијата која што ќе освои најмногу пратеници.

Главни приоритети во наредната година ќе бидат реформи во судскиот систем, ревизија на работата на судиите и обвинителите, како и реизбор на истите, се со цел да се постават системски основи за кредибилен судски систем, отпорен на политички и коруптивни влијанија“, велат од ДС.

„Во оваа насока се очекува робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, конфискација на криминално стекнат имот и забрани за политичко дејствување, преку воспоставување на заокружен и ефикасен систем.

Доколку се постигнат овие две круцијални цели, ќе се обезбедат услови за владеење на правото, економски развој и имплементирање на вредностите на ЕУ и формално започнување на преговорите за влез во ЕУ.

За да започнат позитивните процеси и отворат перспективи за младите, неопходно е да се обезбеди поголемо единство и сплотеност, како и давање можност на креативните и способните кадри да заземат раководни позиции на сите нивоа“, соопшти ДС.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски